РАМПА ЗА АЛБАНИЈА: Холандија стави вето на отворањето на пристапни преговори на Албанија во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холандскиот парламент го блокираше отворањето на пристапните преговори со Република Албанија во пресрет на самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни.

Според дневниот весник “Де Телеграф” Поголемиот дел односно 76 од вкупно 150 пратеници, кои ја поддржуваат владата на Марк Руте вчера ја затвориле вратата за пристап на Албанија во ЕУ поради загриженоста во врска со борбата против корупцијата, пренесува порталот “Јуркатив”.

Само 33 пратеници од Демократската партија (Д66) и Зелените поддржале започнувањето на преговори верувајќи дека земјата ќе обезбеди владеење на правото, подобри пристапот кон криминалот и борбата против корупцијата ако се има јасна перспектива за пристапување.

Пратеникот на демохристијаните (ЦДА МЕП) Мартин Ван Хелверт рече дека Холандија го препознава растечкото влијание на Русија и Кина во земјите од Западен Балкан, но, исто така, додаде дека тоа не е причина да се направи компромис со пристапниот критериум

На самитот, исто така, ќе се донесе одлука за пристапните преговори со Македонија откако земјата ќе го реши долготрајниот спор за името со Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This