April 20, 2024, 12:41 pm

РАМПА ЗА КОСОВО ОД ЧЕТИРИ БАЛКАНСКИ ЗЕМЈИ: Министрите од Србија, Македонија, Црна Гора и БиХ ќе воведуваат ембарго за Косово?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министрите задолжени за трговија, земјоделство и економија од четири земји од регионот ќе се состанат идната среда во Белград за да ја разгледаат новонастанатата ситуација, откако привремените инсититуции во Приштина воведоа „заштитни мерки“ за увоз на поединечни врсти на земјоделски производи и пченка


Како што пренесува Танјуг, во Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, домаќин на состанокот ќе биде српскиот министер Расим Лајиќ, а како што се најавува ќе присуствува македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски, црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ Мирко Шаровиќ.

Се очекува министрите да завземат заеднички став за најновата одлука на привремените институции во Приптина, кои пред два дена започнаа со примена на т.н. заштитни царини за 30% на увоз на земјоделски производи и пченка.

Српскиот министер Лајиќ вчера рекол дека ќе бара итен состанок со ресорните министри на БиХ и Македонија, како и итна седница на Комитетот на ЦЕФТА, по повод најновата одлука на привремените институции во Пришитина, со обзир на тоа дека таа одлука е директно спротивна на договорот со ЦЕФТА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This