March 29, 2024, 11:23 am

РАНГЕЛОВА: Без поддршката од Груевски жените не би ја имале моќта да креираат политики во партијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е една од најсилните организации во Р. Македонија и партијата ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато денеска на панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ на тема “Улогата на жената во општествениот и политичкиот живот”

rangelova

Претседателката на Унијата Даниела Рангелова истакна дека таквата положба на оваа организација во партијата се должи на големата посветеноста на самите жени и на трудот кој што го вложуваат  за да можат да дадат поголем придонес  за состојбата на жената во целокупното општествено живеење.

Таа изрази голема благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за поддршката која ја добиваат жените бидејќи без таа поддршка жените не би ја имале таа  моќ да зборуваат во нивно име и да креираат политики во партијата.

Кон неа се надоврза и Валентина Божиновска , која е од самиот момент на формирање на партијата.

Таа посочи дека позицијата на жената во партијата сега е многу силна, за разлика од порано. На почетокот од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот имало само 5 пратенички , со измените на законот за пратеници во 2002 таа состојба комплетно се менува. Во 2004 се менува и Законот за локална самоуправа со што жената ја добива својата рамноправност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This