March 29, 2024, 10:25 am

РАНГЕЛОВА: Иднината на Македонија беше и останува нашиот мотив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сведоци сме на наметната криза. Сведоци сме на креирани Шарени револуции во партиски штабови. Сведоци сме на планирани сценарија и конструкции. Сведоци сме на многу лаги, уцени и кодошења изречени од опозицијата, истакна Даниела Ранѓелова од УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во денешното обраќање пред членките.
uuzzz-640x409

-Морам оттука јасно да порачам. Ние со почетокот на кризата, ја отпочнавме и нашата борба за зачувување на нашата држава и борба за иднината на нашите идни поколенија и деца во каква држава ќе живеат. Дали во онаа Македонија што ја замислуваат Заев и СДСМ или во Македонија која што ќе им нуди иднина и УСПЕХ на нашите деца.Женската мудрост вели, дека ако стоите на средината на патот и не одите ниту напред ниту назад е премногу опасно, бидејќи можете да бидете срушени од сообраќајот од двете страни. Ние тргнавме по еден пат и од тој пат нема враќање. Жените како столб на семејството, Унијата на жени како столб на оваа држава, нема да останеме на среде пат и нема да дозволиме да нема крај ова 2 годишно патешествие. НИЕ ќе ставиме крај на оваа криза! Иднината на Македонија беше и останува нашиот мотив, а нејзиниот просперитет е нашата највисока цел. Затоа од ова место сакам да порачам, Македонија е во сигурни раце, Македонија не има нас, Македонија го има ВМРО-ДПМНЕ, истакна таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This