April 23, 2024, 11:54 am

РАНГЕЛОВА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на партијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Даниела Рангелова поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката на Рангелова доаѓа по вчерашната на координаторот на пратеничката група на партијата, Драган Данев, но и по низата исклучувања и оставки во ВМРО-ДПМНЕ.

Рангелова оставката ја објави на ФБ профилот.

„И покрај предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, да останам да ја водам УЖ до крајот на мојот мандат, јас донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка на функцијата претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката ја поднесувам поради очигледните несогласувања со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не можам да прифатам да бидам дел од расипани токсични игри водени од амбицијата да се нахранат неколку суети. Да имаш амбиција е позитивно, но да бидеш спремен да газиш преку живи луѓе само за да го задоволиш сопственото его и желбата за моќ е неприфатливо“ – напиша Рангелова на Фејсбук објавувајќи ја оставката.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This