РАСИЗМОТ И ФАШИЗМОТ НА ЈОХАНЕС ХАН: Вулгарен, недостоен расист и фашист за кој Македонија е само територија без народ и историја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го читам Јоханес Хан од Драч, со кариера во залез, на маргините на неформалниот состанок на премиерите на Западен Балкан, рекол: “Македонските граѓани да изберат – изолација од која едвај ја извлековме земјата или интеграција во Европската Унија и повисок стандард.“

И што да се придодаде на овој вулгарен недостоен расист и фашист, за кој Македонија е само територија без Македонски народ и историја…

Но, колку за потсетување: Јоханес Хан е Австриец, роден на 2 декември 1957 година во Виена. Тој е австриски политичар од Народната партија во Австрија. Од 9.II.2010 до 1.XI.2014 година во Европската комисија на Баросо, Јоханес Хан е евро-комесар за регионална политика, а од 1.XI.2014 година во Европската Комисија на Жан-Клод Јункер е евро-комесар за добрососедска политика и проширување…

…Во втората половина на април 2013 година, во Брисел е одржана посебна конференција посветена на “Проблемите на демографската политика во Европската Унија“. На неа кус извештај за регионалните и демографските политики во Европската Унија, поднесува тогашниот комесар за регионална политика Јоханес Хан. Неговиот осврт е насловен “Бугарија после Бугарите“.

Неговиот осврт за Бугарија важи и за Македонија. За жал, таа е “светлата“ иднина која не очекува во Европската Унија…

Јоханес Хан понатаму, продолжува: “Долго време се трудев точно да го насловам овој документ и конечно застанав на ‘Бугарија после Бугарите’, како предупредување, дека ако не ги преземеме потребните мерки, не за долго, можеме да се судриме со сличен извештај, но насловен како ‘Европа после Европејците’.“

Јоханес Хан вели дека сите знаат дека Бугарија е членка во Европската Унија од 2007 година, но “малкумина се свесни дека нејзиното население се топи со огромна брзина.“

Јоханес Хан заклучува: “За четириесет години Бугарија ќе исчезне! Бугарите ќе исчезнат како народ и овој процес е неповратен! Ние не можеме да го запреме, но можеме да учиме од него. Без дилема, исчезнувањето на Бугарите не се должи на војна, катастрофи, епидемија или геноцид, туку единствено на економски, политички и социјални особености во нивната народна психологија. Бугарите, по она што го гледаме, се карактеризираат како исклучителни егоисти и индивидуалисти, така да се каже осамени баратели на лична среќа. Тоа е силно изразено во нивните политичари и бизнисмени. Тие се крајни демагози и популисти со цел да дојдат на власт, да можат да се оддадат на корупција и да ги распродадат богатствата на државата за некоја провизија. Со цел брзо збогатување, тие ја надминаа и дозволената брзина, истиснувајќи ги безмилосно животот и здравјето на своите сограѓани. Како резултат на тоа, добија едно болно старо население, а младите Бугари си ја побараа среќата во можноста да емигрираат и да се вдомат во друга држава. Како резултат на тоа, населението на Бугарија во последните 23 години е намален за 1.600.000 луѓе и не се гледа начин овој процес да биде запрен.

Речиси сите Бугари, кои можат и знаат, бараат начин да емигрираат, а и не само тие и луѓето од малцинствата, исто така. Бугарија за последните години загуби речиси 260.000 жени во репродуктивниот период. Во земјата живеат претежно пензионери кои немаат ниту сили, ниту можности да се спротивстават решително на погубните политики на своите властодршци. Излезе дека Бугарите не можат да изберат луѓе кои навистина се’ би дале за државата и за иднината на нејзините граѓани. Процесите во Бугарија не би можеле да бидат вратени назад дури и по насилен, револуционерен пат, затоа што едноставно недостасува потребниот број на млади и интелектуалци. Тие ја преферираат емиграцијата. Бугарите исчезнуваат поради загубата на верба во сопствените можности и знаења, тие губат желба за живот, не гледаат смисла, обземени се од стрес, страв и апатија. Но, мојата цел не беше да ги откријам причините коишто доведоа до таа депопулација, туку да погледнеме како овој уникатен случај влијае на Европската унија. И така, да повторам: во лицето на Бугарија имаме територија во рамките на Европската унија, која драстично се депопуларизира. Територија која е стратешка не само од геополитичка гледна точка, но и поради климатска важност. Бидејќи истражувањата покажуваат, дека и покрај глобалните климатски промени што се очекуваат, територијата на Бугарија ќе претставува пријатно место за живеење, слабо погодено од глобалните климатски промени во споредба со останатите делови на Унијата. Тука сакам да предупредам, дека една таква депопулација нема да остане незабележано од другите глобални сили и таа територија тешко ќе остане за подолго ненаселена, особено со оглед на вртоглавиот пораст на населението на планетата, на Земјата. Минатиот месец, весникот ‘Милијет’ објави скандалозна карта на ‘Нова Турција’, во којашто голем дел од територијата на Бугарија, која веќе е територија од Европската унија, е означена како турска територија. Убеден сум дека такво нешто немаше да биде можно ако немаше демографска криза во Бугарија. Се’ повеќе Руси купуваат имоти на територијата на Бугарија, што е, исто така, проблематичен знак за нас! И за крај, нашите партнери од САД пред некое време отворено најавија дека Ромите се иднината на Бугарија и работат со овој етнос кој е со претежно млад состав, не е тајна дека на тој начин си обезбедуваат гаранции дека идното население на оваа територија ќе биде насочено проамерикански и ќе ги брани нивните интереси на Балканот.

Општо земено, речиси и да нема држава, како од глобалните играчи, така и од соседните држави на Бугарија, која не си ги остри забите и не си прави сметки како да ја заземе таа територија за себе, било преку создавање и поддршка на сопствено малцинство во оваа територија, било преку придобивањето на ромскиот етнос кон своите интереси. И тука доаѓа најважното прашање – како во овој судир на интереси можеме да дејствуваме во заштита на нашите сопствени интереси? Јасно е дека на Бугарите не можеме да сметаме, тие исчезнуваат од масата каде што се водат големите игри. Еден дел се раселува, друг изумира. Нема смисла ниту да ги помагаме, ниту да им доделуваме пари од фондовите на Европската Унија, бидејќи тие пари одат во џебовите на владејачките елити и нивните блиски, и ефектот врз севкупната состојба во државата е дури негативен, бидејќи разочарани од неправдата и беззаконието, се’ повеќе Бугари решаваат да емигрираат.

Ако Бугарите не наоѓаат сили и волја да се борат за својата држава, ако се подготвени да ја напуштат и да ја остават без жал, дури и без најмал обид за отпор, ние не треба да дозволиме да ја изгубиме нејзината територија. Затоа го предлагам следново: Да создадеме програма за населување на територијата на Бугарија со европски граѓани од остатокот на Унијата… И сега имаме европски граѓани кои купуваат имоти во Бугарија, но се соочуваат со беззаконието што царува во државата, и брзо-брзо се откажуваат од таа своја намаера. Сметам, дека ние треба да ги поддржиме во нивните обиди и дури да ја промовираме Бугарија како соодветно место за населување и бегство од напорниот живот во Западна Европа, субвенционирајќи го секој кој ќе одлучи таму да го најде својот нов дом. Сметам дека на секоја држава може да и’ биде доделена квота за број на лица кои сакаат да се населат на територијата на Бугарија, овие луѓе да бидат помогнати од нас да се вклучат во локалната власт, за да можат да ја променат ситуацијата кон подобра за Европската Унија.

Територијата на Бугарија има голем потенцијал за развој, како во сферата на земјоделството, така и во областа на туризмот, но за да се случи тоа, управувањето на земјата треба да биде одземено од рацете на бугарската олигархиска врхушка што нема да биде тешко, ако успееме да преселиме таму десет милиони Европејци, кои ќе создадат своја партија, која преку избори ќе ја преземе власта по мирен и демократски начин. Бугарите кои сакаат, ќе можат да се вратат на својата територија, тие нема да ни пречат. Убеден сум, дека Бугарите немаат потреба од држава, тие си имаат историја со која ќе се гордеат. Така јас ја гледам Бугарија после Бугарите, ако имаме желба да ја задржиме територијата во рамките на Европската Унија…“

Ете, тој и таков е Јоханес Хан во 2013 година. Истото го мисли за Бугарија и ова 2018 година, истото го мисли и за Македонија. Ние за Јоханес Хан сме само територија без народ и историја. И затоа ни се заканува, или гласајте на референдумот или останете во изолација!

Инаку, според службените податоци од пописот во 2001 година, вкупното население во Бугарија е 7.928.901, а во 2011 година било 7.351.234. Од зачленувањето во 2007 година во Европската Унија, од Бугарија во Западна Европа се иселени околу 3.000.000 претежно млади и високообразовани Бугари, денес Бугарија брои помалку од 6.000.000 жители. Се претпоставува дека во Бугарија живеат 2-3.000.000 Роми и најмалку 1.000.000 Турци. За 40 години, во најдобар случај, Јоханес Хан предвидува дека Бугарите како нација ќе исчезнат, односно нема да постојат во Бугарија… Затоа, на Софија и’ се потребни Македонците како Бугари, да одржува некаков времен и привиден баланс на мнозински Бугарски народ во Бугарија, иако 50.000 Македонци со бугарски пасоши, кои од социо-економски причини транзитираат преку Бугарија за работа во Западна Европа, не се никаква утеха дека Бугарија ќе го промени негативниот дизбаланс во етничката структура на населението – експресното стареење на нацијата и исчезнувањето на Бугарите во целина.

Денес, Јоханес Хан ни држи лекции за разнебитување, промовира геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!

Што и да сторат, со Македонија не можат. Македонците ќе си го одбранат достоинството на 30 септември со безусловен бојкот на референдумот и масовна неизлезеност на денот на гласањето, за навечер, од 20.00 часот, во целиот свет пред амбасадите и конзулатите, во црковните општини, во клупските простории, пред општините, и пред Собранието на Македонија да прослават голема победа за Македонците и за Македонија! Пресвета Богородица и Светите великомаченички Вера Надеж и Љубов напомош! Амин!

Пишува
Тодор Петров

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This