April 25, 2024, 11:58 am

РАСИПАНИ И ДВАТА КОМПЈУТЕРСКИ ТОМОГРАФИ ВО „8ми СЕПТЕМВРИ“: Итнитe случаи се препраќаат на скопските клиники!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градската општа болница „8 септември“ во Скопје работи без компјутерски томограф, откако се потроши катодната цевка и на вториот апарат. Итнитe случаи ги примаат, но оние со потешки пoвpeди или состојби, каде што е потребно и снимање со компјутер ги препраќаат на скопските клиники.

Непосредно по автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари, поради преоптовареност, се расипа еден од двата компјутерски томографи и болницата работеше само со еден. Но, од петокот минатата недела се расипа и вториот томограф, а во буџетот на болницата нема пари за поправка на дефектот.

Директорот на „8 Септември“ д-р Кристијан Костов вели дека побарал од Фондот за здравствено осигурување авансно да им префрли дел од парите кои се предвидени во буџетот на болницата за оваа година, за да може да оспособат барем еден од апаратите.

„Се потроши катодната цевка и на вториот апарат и сега нема снимање на компјутер. Закажаните операции се работат. Но, кога ќе дојде итен случај, ако за дијагностика и лекување не е неопходно компјутерско снимање го примаме. Потешките случаи ги праќаме во Клинички центар“, вели д-р Костов.

Тој рече дека во моментов и во новоотвореното траума одделение работи само една од двете нови хируршки сали.

„Сега нема толку многу траума случаи и во новиот оддел работи само една хируршка сала. Примивме 20 медицински сестри, колку што ни одобрија и со нив го зајакнавме одделот за кардиологија, бидејќи сега има зголемен број пациенти за кои е потребно да се стави стент. Размислуваме да воведеме и втора смена, но ни недостигаат анестезиолози. Сега работиме со девет анестезиолози, а тројца ни се на специјализација на КАРИЛ“, вели д-р Костов.

Новиот оддел за трауматологија беше отворен свечено лани, непосредно пред Денот на независноста 8 Септември, но до автобуската несреќа болничкиот дел не проработе. Овој капацитет од немајкаде мораше да биде активиран ноќта кога во „8 Септември“ беа донесени 37 од повредените 50 патници, па среќа во несреќа беше што така се најдоа слободни лежаи кои поради недостиг на кадар не беа во функција. Сега, болничките кревети пак се празни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This