April 26, 2024, 12:32 pm

РАСИПНИШТВО ВО „МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ“: Вработените со месеци не земале плати, раководството лета со билети од 1.2 милиони денари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници ќе потроши 1,2 милиони денари за авионски билети за службени патувања следната година, во услови кога секој месец вработените штрајкуваат за неисплатени заостанати плати.

На крајот на минатата година со одлука на Владата, Македонски железници преку заем од ЕЛЕМ и МЕПСО обезбеди пари за исплата на ноемвриската плата на вработените, а се уште е отворено прашањето како ќе бидат покриени плати годинава со оглед на тоа што претпријатието работи непрофитабилно со години.

Лошата финансиска ситуација на Македонски железници ја покажува и долгот кој што го има кон Управата за јавни приходи (УЈП). Според последната Листа на должници која што ја објави УЈП, Јавнoто претпријатие за железничка инфраструктура на државата и должи 46.517.870 денари или 760.000 евра за неплатени даноци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This