РАСКАЗ ЗА „ПОТКУП“ БЕЗ СНИМКА: Новинарката Јоци го спореди раскажувањето на Заев за „Поткуп“ со расказ за „порнич“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци повторно на социјалните мрежи распали по Заев и СДСМ. Во јавноста не стивнуваат реакциите по очајничкиот обид Зоран Заев да се оправда со изјава по рочиштето за случајот ,,Поткуп’’ во кој тој е обвинет дека барал мито од стотици илјади евра од струмички бизнисмен.

Тој најпрвин се обиде да ја убеди јавноста дека бил наведен да побара поткуп и во континуитет бараше да биде пуштена целосната снимка од разговорот во кој тој бара мито за сега снимката да биде пуштена ексклузивно на судењето, но не и во јавноста. Во својата изјава Заев се обиде да ни ја прераскаже снимката по што наиде на исмевање на социјалните мрежи.

Еве што напича Јорданка Ивановска – Јоци на својот Фејсбук профил:
– Зоки Заев, денеска, пак не ни ја пушти снимката за ,,Поткуп”, само ни ја раскажа во камера што зборувал на неа. И ние треба да му веруваме на збор.
Му рекол на Сачевалиев да донира за црквата-железо, цигли, ова она… само за црквата.
Судот не дал да се емитува јавно снимката, но Зоки ќе ,,трагал” по начин како да ни ја пушти целата. Забавно. Тоа му иде ко некој да ни раскажува порнич. Што има да гледаме што се случува во филмот !? “Дек до дек таа плавата му го зема..па нешто она врз него…па он, разбираш Блажо, ко ја фана..” Вака некако и расказов за ,,Поткуп” без снимка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This