РАСКОЛ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА: Обвинувања за недемократско управување со ЛДП, Корубин распали по Милевски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Начинот на кој Горан Милевски управува со ЛДП е апсолутно недемократски, обвинува пратеничката Никица Корубин, која одлучи да настапува како независна пратеничка во Собранието и да дејствува во ЛДП како фракција, откако Милевски беше реизбран за лидер на партијата, пренесува Фокус.

За „Фокус“ таа вели дека подолг период има незадоволство од управувањето на Милевски со ЛДП. Под прашање го доведува и собранието на кое тој доби втор мандат од делегатите.

-Подолг период нема демократија во ЛДП. Органите на партијата се претворија во органи каде се спроведуваат одлуки донесени во тесни кругови на луѓе. Има нетранспарентност во работењето кај претседателот на партијата, нетранспарентен беше и изборот на кадри кои ЛДП ги понуди за функционери. Тука е и начинот на кој беше организирано самото собрание. Редовното требаше да се одржи на први февруари, но наместо тоа беше одржано вонредно што само по себе повлекува низ неправилности – вели Корубин објаснувајќи ги причините поради кои се одвојува од пратеничката група на партијата.

Во меѓувреме, вели таа, побарала и оставка од Милевски, но била игнорирана.

-Овие мои спротивставувања кон него беа јавно искажани додека бев член на извршниот и централниот одбор. Побарав оставка од него, но бев игнорирана, а потоа и казнета со што ме тргнаа од органите – вели таа.

Според неа неприфатливи се изјавите на Милевски во кои тој оди контра политиките на Владата, бидејќи, посочува Корубин, ЛДП е коалиционен партнер и има механизми внатре во коалицијата како да изразат различни гледишта.

Инаку, откако беше реизбран Милевски изјави дека најверојатно нема да го поддржи законот за амнестија од причина, како што рече, што смета дека не треба законодавната и извршната власт да се мешаат во судството.

Корубин, пак, вели, дека ќе го поддржи овој закон, кој деновиве ќе влезе во собраниска процедура.

-Овој закон е само еден сегмент од процесот на помирување, а се води кон завршиот дел од уставните измени, што за мене е најважно. По однос на реакциите кај дел од јавноста дека ќе се работи за селективна амнестија, мора да се има предвид дека институтот амнестија навлегува во ингеренциите на судската власт и тоа ни е јасно. Тоа е политичка одлука. Се уште се подготвува законот и се внимава колку е возможно да не се меша во судскиот поредок. Но со оглед на околностите тоа мора да се направи со политичка одлука – вели таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This