April 19, 2024, 12:21 am

РАСКОЛ ВО ОО СДСМ ДЕЛЧЕВО: Пратеници и членови на високи партиски тела му се заканувале на партиски функционер поради статус напишан на Фејсбук!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се случувала во општинската организација на СДСМ во Делчево, откако техничкиот секретар се обидел да го сподели своето мислење за процесите кои се одвиваат во земјата на социјалните мрежи

Имено, високи партиски функционери на ОО СДСМ од Делчево вршеле притисок врз поранешен технички секретар, инаку добро етаблиран во партиските структури, поради искажан став, негодување за раководството на локалниот партиски огранок.

 

 

Како што дознаваме, поради напишаното мислење добил повик од претседателот на локалниот огранок кој го уценувал барајќи од него да си ја „затвори устата“ за да не го снајде тоа „што не сакал“.

Освен од претседателот на огранокот, добил закани и од пратеничката на СДСМ од Делчево која го уценувала дека ако продолжи со тавите ставови на социјалните мрежи ќе остане без работа, а член на ЦО на СДСМ му се заканувал дека наскоро „ќе го заборави СДСМ“, онака како што „старите членови го заборавиле“.

Ова не бил прв ваков случај на вршење на притисок на неистомисленици во партијата. Истото лице, поради искажано негодување во врска со законот за двојазичност добил повик од централниот штаб на владеачката партија, од каде го предупредиле дека ако така продолжи не само што ништо немал да добие, туку ќе помине со последици.

СДСМ наместо живот каков што ветуваше, воведе режим, диктатура и умртвување на слободната мисла дури и помеѓу сопствените членови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This