РАСКОЛ ВО СДСМ КАВАДАРЦИ: Членовите на СДС од Кавадарци незадоволни од кандидатот Бетиане Китев кој доживеа фијаско на минатите избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе неколку дена  владее сериозен раскол во структурите на општинскиот огранок на СДСМ воКавадарци, активистите на партија биле видно револтирани, зошто од централа им ги вртат едните исти ликови како кандидати и на повеќе изборни циклуси. Имено кандидатот за градоначалник од редовите на партијата,  Бетиане Китев, беше и кандидат на локалните избори во 2013 години, кога убедливо загуби од актуелниот градоначалник Панов.

На интернет порталот „Мојот град“, портал финасиран од Сорос фондацијата  отворено се напаѓа одлуката на централата на СДСМ  во Скопје за избор на кандидатот од редовите на партијата.

„Дали одлуките кои доаѓаат од високото централно ниво се косат со реалните потреби и барања на жителитеод општина Кавадарци? Дали лојалноста на поединци кај Заев  е доволен „кец у ракав“ за долгогодишната „љубовна врска“ без разлика за последиците и резултатите од изборните циклуси? Дали недостаток од квалитетен кадар од втор ешалон на локално ниво е причина што голем број пратеници од СДСМ се кандидираат за градоначалници?“ Пишува  соросовиот портал.

Од извори внатре во партијата дознаваме дека членовите собрани околу таканаречениот невладин сектор се против кандидатурата на  Китев, а можен е и бојкот на локалните  од таа структура на членови, бидејќи во Китев не гледале човек кој може да донесе победа, а уште помалку подобар животен стандард и инвестиции за Кавадарци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This