РАСКОЛ ВО СДСМ: „Bojната“ продолжува меѓу Царовска и Димитриевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Куманово ја повика денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска уште еднаш да ги преиспита сите свои одлуки поврзани со одземање на ингеренциите на општината и да го укине решението.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ја повика денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска уште еднаш да ги преиспита сите свои одлуки поврзани со одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката ­­­„Ангел Шајче“, да го укине решението, а надлежноста да ја врати на Општина Куманово и јавно да се извини на Општина Куманово.

– Решението за одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката ­­­„Ангел Шајче“ од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е неиздржано, селективно, пристрасно, тенденциозно и има за цел директно да го инволвира Министерсвтото во изборот на директорот. Ја повикувам министерката Царовска, која има направено голем пропуст, да го преиспита ова решение, да го повлече, бидејќи општина Куманово не заслужува ваков третман – рече Димитриевски.
Тој посочи дека на први јануари годинава инспектор од Министерството бил во посета на Општина Куманово без налог за вршење какви било контроли.

– При тоа ми беше ставено до знаење дека ако не почнам постапка за избор на директор ова ќе се случи. Жалам што ваква работа се случува во една демократска општина како што е општина Куманово. Главниот проблем овде е министерката Царовска. Го повикувам главниот проблем уште еднаш да ги преиспита сите свои одлуки поврзани со оваа активност и да го укине решението а надлежноста да ја врати на Општина Куманово и јавно да се извини на Општина Куманово и на граѓаните, бидејќи ова не е децентрализација – порача Димитриевски.
Тој потсети дека ваков случај имало и во општина Центар, но таму не била донесена ваква мерка за одземање на ингеренциите.

Димитриевски рече дека ќе го почитува решението, но ја повика Царовска да се преиспита. Тој истакна дека нема да подлегне на многуте притисоци што ги има деновиве.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This