РАСПАД ВО ОПОЗИЦИЈАТА ПО КОНВЕНЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Геро бара СДСМ да ги „врзе бесните кучиња“ и „лигавите куртони“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Страв, паника и хаос се случува во опозициските редови по објавувањето на имињата на кандидатите за пратеници на СДСМ и по најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека на овие избори „нема воздух да му дадам да земе на терен“ на Заев

gerovski

Најавата за силната победа на ВМРО-ДПМНЕ и катастрофалниот пораз на СДСМ предизвика хаос  и паника во опозицискиот табор, особено откако дел од таканаречените „портали“ почнаа со хистерично „штанцање“ на текстови со навредувачка содржина до раководството на владеачката партија но и за кандидатите за пратеници на листите од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За стравот да биде поочигледен, дел од интелектуалните џуџиња кои редовно добиваат финансиска помош лично од Заев, почнаа да плукаат и по најистакнатите опозициони активисти, кои последните неколку години силно се борат за нивната опозициска идеја.

Бидејќи навредите ги преминаа сите граници на нормалното човеково битисување, а пцовките и чаламот на неколкумина „џукели“ како што вели Геровски се префрлија и врз активисти на опозицијата, уредникот на порталчето спонзорирано од фондовите на Сорос и УСАИД во својата последна колумна покажа дека му пукнал филмот.

gero_kolumna

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Ало, другари „стратези“, куртони и куртончиќи, идиоти едни!

Доста беснеете, бре! Доста е веќе од овој баш бомбашки (нуклеарен), интергалактички идиотизам! Ги преминавте сите граници на пристојноста. Приберете се дури е време!

Кои сте вие, багро една рекетарска, да кудите, да навредувате и да пцуете луѓе кои цела една деценија се борат против овој режим? Кој ви дал право да ги прозивате да ги критикувале луѓето од листите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи „мрчеле“ за изборот на луѓето во опозициската коалиција?

И јас сум меѓу тие „мрчатори“, багро една рекетарска! – пишува Геровски во воведниот дел од неговата последна колумна насловена како „Никој со пцуење и со курчење не добил избори и не направил ништо паметно во животот!“

[/kopa_block_quote]

gero_poliklinika

Геровски продолжува понатаму со закана дека е свесен кој се плука против опозицијата и го упропастува Заев, велејќи дека токму тие се виновни за пропаста на СДСМ бидејќи долго спроведуваната стратегија и имиџ на опозицијата која Геровски ја правел, одненадеж е растурена, а врз Заев и СДСМ е фрлена сенка на неморал, неинтелегенција, необразованост и уличарство. Нешто што СДСМ и нивните експоненти сакаа да го наметнат како слика за ВМРО-ДПМНЕ.

gero_kolumna2

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Што, не е така?! Сакате да отворам уста? Сакате да редам имиња и презимиња? Сакате да ви кажам каде беа надобудниве кретени до вчера, каде и за кого работеа, чии кандидати беа, од кого примаа плати, хонорари и кешови? – пишува Геровски, отворено упатувајќи закана дека точно знае кој од таканаречените „опозиционери“ ги променил дресовите, а со тоа и отварајќи го сомнежот дека меѓу  најгласните „џукели“ постои некој намерно уфрлен кој свесно одработува за рушење на имиџот на опозицијата!

 

[/kopa_block_quote]

На крајот Геровски отворено ја повикува Бихаќка, повторно и во овој случај да ги употреби удбашките методи на заплашување и замолчување, барајќи од СДСМ да ги замолчат како што вели „џукелите“.

gero_kolumna3

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Ало Бихаќка! Знам дека ќе речете дека ова идиотиве не се под ваша контрола и дека вие сте немоќни. И вие знаете дека јас јавно мора да ви поверувам. Сè ви верувам. Лета магарето? Лета. Ама сепак, крајно време е и вас да ви упатам една порака што мора најсериозно да ја сфатите – аман, обидете се да ги врзете џукеливе и да им ставите корпи на муцките!

 

[/kopa_block_quote]

Стравот во СДСМ, паниката и хистеријата е се поочигледна, особено по најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека следува катастрофален пораз на СДСМ, и голема победа на владеачката коалиција.

Груевски дури и му порача на Заев дека „нема да го остави воздух да земе“ на терен.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This