Распишани внатрепартиски избори: На 21 март членовите на СДСМ бираат претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централниот одбор на СДСМ вечерва ја одржа деветнаесеттата седница на чиј дневен ред беа повеќе точки за процесите кои течат во партијата, промените, модернизацијата и демократизацијата, а се дискутираше и за најзначајните општествени прашања од интерес на граѓаните, пишува ТВ 21

Беше заклучено дека процесот на ажурирање на членството тече одлично ширум републиката и дека се создадени сите услови за следната фаза, одржување на првите внатрепартиски избори. Централниот одбор донесе одлука дека на 21 март оваа година ќе се одржат првите внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател на СДСМ.

Ова е врв на внатрепартиската демократија и тоа во земјава за прв пак ќе го направи СДСМ.

Во оваа насока ЦО на СДСМ го утврди Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ и воедно донесе одлука за формирање на Централна изборна комисија која ќе ги спроведе внатрепартиските избори.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата (Претседател, Заменик претседател, член на Централниот одбор или член на Надзорниот одбор на партијата).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This