April 26, 2024, 11:18 pm

РАСПРСКУВАЧКА СМРТ: Зошто воените велесили не се брзаат да ги исклучат касетните бомби од употреба?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пилотот го наведува тешкиот бомбардер на зададениот курс и го активира автоматскиот нишан. Системот со прецизност до стотиот дел од секундата го бира оптималниот момент, и исфрла неколку челични контејнери. Во секој од нив се наоѓаат стотици метални кугли со експлозив. Во контакт со метата тие се разлетуваат и синхронизирано се детонираат на неколку метри над главите на пешадијата

САД уште во 2008. годниа одлучија своите „распрскувачки“ боеви глави да ги заменат со прецизни и современи, откако е најавено усвојувањето на Меѓународната конвенција за касетни бомби. Интересно е дека САД не брзаа да го потпишат овој документ. Сепак, според пишувањето на порталот „Џејнс 360“, Пентагон тогаш практично забрани употреба на вакви бомби, но сега ги враќаат во употреба поради „страв од руската и севернокорејската артилерија“. Оваа недела во Пентагон официјално е одлучено да се прекине со програмата чија цел беше постепена елиминација на употребата на касетни бомби.

Што се однесува до самата конвенција, тоа е доста противречен документ со голем број на амандмани и нејаснотии. Според одредбите на овој документ, секое обично вооружување кое е предвидено да биде исфрлено од воздух а со себе да носи и додатно вооружување – субмуниција – со тежина помала од 20 килограми, се смета за касетно оружје. Такво вооружување се карактеризира како смртоносно и опасно по цивилното население поради својата разорна моќ.

Освен тоа, во документот се укажува на тоа дека делови од неактивирани елементи на касетни бомби можат со години да лежат во земјата и со тоа да претставуваат опасност за цивилите. Според одредбите на конвенцијата, сите држави-потписнички се обврзуваат да ги уништат сите свои залихи на вакво оружје во рок од осум години од моментот на ратификација на документот. Договорот кој стапи на сила во август 2010.година беше поддржан од речиси сто држави. Сепак, најголемиот светски произведувач и корисник на касетно оружје не само што одбија да го потпишат овој договор, туку продолжија да учествуваат во негова припрема и производство. Во таа смисла, ги наведуваме САД, Кина, Индија, Бразил, Пакистан и Израел.

Интересно е тоа дека конвенцијата не ја покрива дефиницијата за бомби со неколку типови на субмуниција, вклучувајќи и самонаведувачки и други високотехнолошки бомби кои ги има САД. Тој факт се објаснува со „помала хуманитарна опасност“. Таквиот селективен пристап предизвика сериозни прашања од страна на руското министерство за надворешни работи. Руската страна изјави дека под такви чудни услови и недоречени дефиниции не може да се отстапи од користењето на касетна муниција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This