РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО И ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЗАЕДНО СО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори во ист термин со претседателските, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие денеска доставија предлог одлука со која повикуваат на итна оставка од премиерот Зоран Заев и формирање на техничка Влада со мандат од 100 дена, која ќе има задача да ги спроведе изборите на пролет.

Од опозицијата алармираат – Македонија е доведена до степен на потчинетост поради лошите резултати во економијата и здравството, наметнатата двојазичност и непочитување на Уставот.

-Имено за што станува збор, Македонија никогаш како што е сега не била по поделена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален, ниту по граѓанска основа. Македонското општество во овој момент се наоѓа во можеби најтешката ситуација од осамостојувањето на Република Македонија, поради сите оние погрешни политики кои што владата на СДСМ и Зоран Заев ги водат речиси две години. Сето она кое што се случува претставува порази, разочарувања, недостоинствени прифатени предлози, никакви реформи во економијата, нула реформи во здравството, катастрофални реформи во образованието, осиромашување, пљачкосување на македонската држава, иселување, крајна разочараност, демотивација, деморализирање на граѓаните на Република Македонија, без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност, рече синоќа партискиот лидер Мицкоски.

Иницијативата следува по вчерашните седници на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на кои беше заклучено дека во земјава има само порази, разочарувања, понижувања и нула реформи, а дека единствен излез од ова се предвремени избори.

Од СДСМ експресно го одбија предлогот за распуштање на Собранието. Сепак, велат за предвремени избори ќе одлучеле до крајот на неделава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This