РАСТАТ ЗАДОЛЖУВАЊАТА: Само по основ на камати и главнини државата до крај на година треба да врати над 144 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата и Министерството за финансии до крај на годината треба по основ на камати и главнини да врати долг од 8 милијарди и 860 милиони денари, односно нешто над 144 милиони евра.

Од оваа сума 139 милиони евра се долгови и камати направени од оваа власт додека од претходната владејачка гарнитура се останати за плаќање околу 5 милиони евра, што може и да се види од табелата објавена на сајтот на Министерството за финансии.

Владата и Министерството за финансии овие долгови ги сервисираат преку нови задолжувања.

Дополнително, реализацијата на капиталните проекти изнесува очaјни 28,16% зaклучно со август што според еkoномистите е kaтaстрофална бројка токму поради фактот што задолжувањата се огромни додека капиталните инвестиции се на очајно ниво и се поставува прашањето на што се трошат позајмените пари.

Ова според експертите исто така има нeгативно влијание врз градежништвото кое е во континуиран пад, а кое е тесно поврзано со растот на БДП бидејќи грaдежништвото е главен учесник во градењето на БДП. Со вакви економски параметри познавачите сметаат дека тeшко ќе се исполни овогодинешната проекција за БДП.

Инаку, владата пред да дојде на власт ветуваше дека задолжувањата ќе се намалат и дека јавниот долг нема да расте но податоците го покажуваат сосема спротивното.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This