РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ МЕЃУ СОФИЈА И МОСКВА: Бугарија ја обвини Русија за шпионажа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, го известил Министерството за надворешни работи за собрани докази за вршење разузнавачки активности на територијата на државата од двајца странски државјани, кои имаат дипломатски имунитет, јавуваат бугарските медиуми.

По сигнали до Државната агенција за национална безбедност, во обвинителството се формирани два предмети за дела против Република Бугарија, затоа што две лица собирале информации класифицирани како државна тајна, со цел нивно предавање на странска држава или организација.

Во едниот предмет е утврдено дека во периодот од 2017 година, па досега, државјанин на Руската Федерација спроведувал разузнавачки активности при што барал и собирал информации за механизмите на изборниот процес во државата. Утврдено е дека рускиот граѓанин има статус на дипломат акредитиран во Бугарија како прв секретар во конзулскиот оддел на амбасадата на Руската Федерација во Софија.

Во вториот предмет е утврдено дека во периодот од октомври 2018 година, па досега, руски државјанин собирал разузнавачки информации од сферата на енергетиката и енергетската безбедност на државата, што потоа ги испраќал во централата на руската разузнавачка служба во Москва. За реализација на незаконските активности рускиот претставник остварувал контакти со бугарски граѓани, кои имале пристап до информации од таа област. Дополнителната проверка утврдила дека рускиот државјанин имал дипломатски имунитет, зашто бил вработен во Трговското претставништво на Руската Федерација во Софија.

Тензиите меѓу Софија и Москва околу разузнавачките активности траат веќе со месеци. На 9 септември минатата година беше поднесено обвинение против претседателот на националното движење „Русофили“, а еден месец подоцна руски дипломат, прв секретар во амбасадата на Руската Федерација во Софија, ја напушти Бугарија, зашто беше под истрага за шпионажа. Како реципрочна мерка, Москва на 5 декември протера бугарски дипломат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This