April 26, 2024, 10:49 am

РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ НА КОСОВО: Рамуш Харадинај ги подгрева радикалните структури на УЧК и се заканува со конфликт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Харадинај знае дека нема доволно сојузници во меѓународната заедница, макар кога се во прашање лидерите на водечките земји, но се знае дека има големо упориште во најекстремниот дел на бившите членови на таканаречената ОВК/УЧК. Неговото политичко образование е многу скромно, но војничкото и те како високо

Рамуш Харадинај фрли ракавица во лицето на Западот! Косовскиот, таканаречен, премиер очигледно го загуби трпението и одлучи да се оттргне од играта „мачка и глушец“ и отворено ги повика ЕУ и САД да ја завршат работата во регионот. Тој ситуацијата во Косово ја нарече неодржлива, ако Косово и понатаму е држено во неизвесност.

Харадинај отиде и чекор подалеку и на ЕУ и Америка им постави прашање – како можат две сили да го водат светот, ако веќе со децении не можат да го решат проблемот на Балканот. Харадинај рекол и дека ако ситуацијата не се промени, тоа ќе влијае на целиот регион и напомена дека Косово го признале 23 држави членки на ЕУ, како и дека преостанатите пет би требало истото да го направат.

Дали тоа Харадинај отворено се заканува?

Генералот Момир Стојановиќ, бивш директор на ВБА, вели дека е доста важно, пред се, да се познава менталниот склоп на Хашим Тачи и Рамуш Харадинај. Ако ги споредиме нив двајца, напоменува генералот, тогаш Харадинај е тој кој е далеку поекстремен и бескрупулозен, и многу поопасен по мирот и стабилноста на просторот на Косово.

„Не велам дека Тачи е цвеќе, но тој знае мудро да слуша сугестии, пред се оние на Америка. Кога станува збор за овој отворен повик на Харадинај, тоа може да се толкува како ултиматум или како најава за радикализација на косовските Албанци. Воопшто не се сомневам дека Харадинај е спремен на се, па и да предизвика немири, но не би стигнал до крајната цел – независно Косово. Тој знае дека нема доволно сојузници во меѓународната заедница, макар кога се во прашање лидерите на водечките земји, но знае дека има и те какво упориште во најекстремниот дел на бившите членови на таканаречената ОВК/УЧК. Неговото политичко образование е многу скромно, но војничкото и те како високо. Така да тој спаѓа во групата на луѓе кои ќе направат се за време на својот мандат да ја заокружат косовската државност. Ако тоа биде пропратено со меѓународна поддршка, тогаш добро, ако не, тој е спремен да го радикализира Косово, па ако треба и со вооружено насилство и да се обиде да ја оствари оваа цел.

За потсетување, родениот брат на Рамуш Харадинај, Даут пред извесно време порача дека ОВК би можела да се активири штом пристигнат првите обвиненија на Судот за злосторства на ОВК. Пред тоа бившиот шеф на разузнавачката служба на ОВК, кој се споменува како еден од можните обвинети, се закани дека Косово ќе го исчисти од Срби доколку неговиот брат Рамуш, кој тогаш беше во притвор во Франција по потерница од Србија, биде изречен на судските власти во Белград. Не е тајна дека „спијачи“ на ОВК имаат пет пунктови со оружје на Косово, како и дека постојат луѓе и единици за кои само упатени бивши припадници на терористичката група знаат каде се наоѓаат.

 

Бранкица Ристиќ
Спутник

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This