April 25, 2024, 12:03 pm

РАСТЕ БРОЈКАТА НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГPИП: Од Институтот за јавно здравје молчат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројката на заболени од гpип јавноста не ја знае. Според одредени информации дознаваме дека оваа недела е дуплирана бројката на заболени од гpип, но Институтот за јавно здравје молчи. Последното соопштение на Институт за јавно здравство што го имаат објавено е на 07.02.2019 за период (28.01-03.02.2019) каде што известува дека бројката на заболени од гpип изнесува 1.252 лица.

Зошто како Институт за јавно здравје, не пуштија соопштение во текот на овие недели да не известат за моменталната состојба на заболени лица, по пoчинaтите 2 лица од гpип. Дали се крие реалната бројка од граѓаните со цел да не предизвикаат паника бидејќи и така лекови веќе по аптеките нема.

Лекот „тамифлу“ го нема, граѓаните и вработените од клиниките тврдат дека нема доволно количина на овој лек. Пациенти болни од гpип се жалат дека не добиле терапија со „тамифлу“, која се дава во првите 48 часа од инфекцијата со вирусот, бидејќи лекот го нема. Тие велат дека лекарите им кажале оти „тамифлу“ не само што нема во болниците, туку дека тешко се наоѓа и во аптеките.

Со овие примери само се покажува дека ресорниот министер Венко Филипче во изјавите ги прикрива недостатоците на министерството за здравство и очигледно сака да сокрие дека е неспособен за да се избори со пречките кои ги носи самиот здравствен систем.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This