РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБOЛЕНИ ОД ЗАPAЗНА ЖОЛТИЦА: ВО КОЧАНИ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИJA

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за јавно здравје од Кочани прогласи епидемиja од заpaзна жолтица, откако бројот на регистрирани забoлени во изминатите десеттина дена надмина 20 лица. Најголемиот број пациенти кај кои е утврдено присуство на виpусен хепатит А се ученици од две основни училишта во градот.

 

 

Од Центарот потврдуваат дека се преземаат превентивни мерки за спречување на заразата, при што дел од заболените се препратени на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

 

–Состојбата со заразната жолтица во регионот ја следиме од крајот на минатиот месец кога беа регистрирани првите шест случаи, а во текот на последната недела дојде до забележителен пораст. Дел од пациентите со полесни симптоми беа пуштени на домашно лекување, додека посериозните случаи се лекуваат во Клиничката болница во Штип. Меѓу заболените има и повозрасни лица, иако главно се работи за ученици од основно образование, за што на родителите им посочуваме дека е потребна поголема грижа за личната хигиена на нивните деца, истакна Горан Николов, епидемиолог во Центарот за јавно здравје во Кочани.

 

Во училиштата во кои е регистрирана заразата се прави засилена дезинфекција, при што скратени се и часовите за да може таа да биде на пократок временски рок.

Дополнително, во сите образовни установи е поделен едукативен материјал за правилното миење раце со сапун за да се спречи контактното ширење на инфекцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This