РАСТЕ НЕВРАБОТЕНОСТА КАЈ МЛАДИТЕ: Во регионот се намалува, само во Македонија порасна на 47,6%

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невработеноста кај младите се намалила во сите балкански земји, освен во Македонија и Косово, е наведено во новиот извештај на Светска Банка трендови на пазарот на труд во Западен Балкан (Western Balkans Labor Market Trends).

Според извештајот, младинската невработеност во Косово пораснала за 4.2% на 54,9 % додека во Македонија се зголемила за 0,5 % или до високи 47,6 %.

Македонија, исто така, води во процентот на млади луѓе кои не се вклучени ниту во образовниот процес, ниту се вработени, ниту се вклучени во некој вид на тренинг или доквалификација. Овој процент на млади луѓе се движи меѓу 24-26 отсто.

Дополнително, извештајот покажува дека скоро секој трет млад човек во Македонија работи во сивата економија.

Според извештајот на Светската банка, младите луѓе од Македонија во иднина дополнително ќе потонат во сиромаштија. СДСМ ветуваше загарантирано вработување на младите преку таканаречената младинска гаранција, но очигледно овој проект не ги донесе посакуваните резултати, туку младинската невработеност расте.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This