РАСТЕ РЕВОЛТОТ КАЈ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Министерот за земјоделие наместо во Росоман, се шета низ Арачиново!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Годинава земјоделците производители на праска од Росоман, се соочуваат со голем проблем и неможност за продажба на својот род, додека росоманчани мака мачат што со произведените праски, надлежните од министерството за земјоделие со денови никаде ги нема, а миистерот за земјоделие Љупчо Николовски од СДСМ се шета низ скопско Арачиново, наместо да отиде и да ги слушне маките на росоманчани.

Додека Николовски како министер за земјоделие се шета низ Арачиново, да изврши увид во штетите од синоќешниот град во скопско, со денови го нема да ги слушне маките и да изнајде репение за состојбата со проблемот со откуп на праски во Росоман. Меѓу росоманчани денеска беше поранешниот заменик министер за земјоделие од ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Костадиновски, кој ги слушаше проблемите на росоманчани и се обиде да изнајдат решение.

Производителите на праска денес во изјави пред камерите на МТВ беа револтирани од цената на праската , која како што велат годинава е најниска и ја повикаа новата Влада да дојде да ја реши состојбата и да превземе мерки.

„ Вчера имав 150 гајби, набрав, дојдов тука и неможев да ги продадам, па од тука најдов превоз платив ги однесоа за Скопје и ги дадоа 50 денари гајбата, цела гајба околу 7.5 килограми. “ Ова до сега вака не било, волку ниска цена, продолжува земјоделецот „ гајбата да ја купиш е 22 денари, со се книга чини 25 денари, а ние 50 денари ја продаваме цела, плус превоз, 3500 денари ми земаа од кванташки до Скопје.“ Вели еден од револтираните земјоделци, кои не можат да го продадат својот род.

На прашање на новинарката како да се реши ситуацијата, земјоделецот вели:
„ Еве нова Влада има сега, би требало да дојдат тука кои се таму од министерство за земјоделие да превземат мерки. “
Друг производител на праска вели: „ Јас мислам дека првата сорта под 20 денари не треба да биде, кога зборувам за првата сорта, а втората сорта значи спрема квалитет не треба да биде под 30 денари. “ , тој рече дека :„ Лани под 28 денари не беше, а оваа година е катастрофа, а еве сега за 50 денари молам никој не сака, за 50денари, 22 денари е гајбата, значи 28 денари праска 7 килограми. “

Ванчо Костадиновски, од ВМРО-ДПМНЕ кој денес беше на терен во Росоман, за „Курир“ изјави:
-Денес сум на увид во состојбата со актуелниот откуп на праски во Росоман и овој регион и катастрофалната состојба со откупната цена и штетите предизвикани од априлскиот мраз, да посетам откупни пунктови и заедно во разговори со овоштарите и откупувачите да ги слушнам нивните предлози и идеи и заеднички да наоѓаме решенија кои ќе значат надминување на состојбата на овие проблеми. По априлскиот мраз, ние како техничка влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесовме одлуки на итна вонредна седница да се формираат стручни комисии согласно законот за земјоделство и рурален развој и да се предложат измени на програмата за финансиска поддршка во земјоделството и на уредбата за директни плаќања, со цел да се обезбедат средства за 100 процентна исплата на штетите предизивикана од пролетниот мраз.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This