РАСТЕ PEВOЛTOT ВО СИТЕ СФЕРИ: Социјалци, хонорарци, земјоделци, пензионери во битка за тезгите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државата ќе удри на социјалците, стечајците, пензионерите односно на најсиромашните и најранливите. И Националната федерација на фармери контра новиот закон за зелени пазари. Сметаат дека со него само ќе се поттикне сивата економија.

Во НФМ велат дека ваквото решение ги прекршува европските препораки но и основните човекови права цитирајќи ја Универзалната декларација на Обединетите Нации.

Секој, како член на општеството, има право на социјално осигурување и право да остварува стопански, општествени и културни права нужни за своето достоинство“ пишува во Универзална декларација за човековите права.

Токму поради ова Федерацијата заедно со други невладини организации ќе достави извештај и до Обединетите Нации.

Од Партијата на пензионерите, пак, сметаат дека делови од законот се спротивни на Уставот, бараат одложување на неговата примена се додека не се направи подобра верзија.

Не е предвидена законска можност дури и пензионери кои имаат сопствено земјоделско или друго производство да можат вишоците да ги продаваат со што се оневозможени да го подобрат својот и семејниот стандард велат во Партијата на пензионерите.

На законското решение кое треба да почне да се применува од 1 јануари реагираа и Стопанските комори, дел од експертите и самите продавачи и тезгаџии. Сите велат дека новите прописи сериозно ќе удрат на овој сектор од економијата.

Законот за зелените пазари наложува oд следната година сите да имаат лиценци и да плаќаат персоналец како и придонеси за здравствено и за пензиско. Се забранува на тезгите да продаваат пензионери, социјалци, стечајци, вработени и сите други кои добиле некаков хонорар. Предвидени се и казни и глоби од 150 до 2.000 евра во зависност од прекршокот.

На зелените пазари продаваат околу 20 до 25 илјади луѓе.

 

>Преземено од АлфаТВ<

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This