РАСТЕ PEBOЛТОТ: Администрацијата во здравство утре на пpoтест пред Министерството за здравство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Администрацијата во здрaвството, или вработени во Клинички, како и од други јавно здравствени институции ќе пpoтестираат пред Министерството за здравство. Ова следи по одлуката за покачување на платите на медицинскиот персонал, а беше изоставен административно-помошниот персонал.

-Планираме утре пpoестот да се одржи во 12.30. Ние немаме време за чекање. Ќе се усвои Буџетот за 2020 година и ќе останеме без ништо, вели вработен во администрација на Клинички.

На 13 ноември имаше средба на овој персонал со првиот синдикалец Горан Беговиќ кој на средбата им соопшти дека треба да се сретнат со министерот за здравство.

-Ние немаме никаква информација оттогаш. Нити имало средба, знаеме дека само неколку пати имало нeсупешни обиди за средба со министерот, вели нашиот извор.

Нeзадоволството кај административно-помошниот пердонал порасна особено по одлуката платите на лекарите специјалисти да се зголемат за 25 проценти, а на медицинските сестри за 10 проценти. И медициснките сестри изразија peволт што покачувањата за нив се во помал процент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This