РАСТОТ НА БДП ВО ВЛАСТ НА СДСМ Е МИЗЕРНИ 2%: Еуростат ја потвди погyбната економска политика на Заев и СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот завод за статистика денес ги потврди погрешните политики на Владата предводена од СДСМ. Имено, растот на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал од 2018 година изнесува скромни 3,7% , при што стапката на раст на Бруто-инвестициите која го отсликува работењето на Владата е ниска и изнесува само 1,3%.

Сето ова, надополнето со катастрофалното исполнување на капиталните инвестиции во текот на целата 2018 година, но и на почетокот на 2019 година, придонесува во 2018 година растот во Република Македонија да биде помеѓу најниските во Европа.

Како што може да се види од табелата, растот во Република Македонија за 2018 година е најнизок во споредба со земјите од југоисточна Европа.

Сето ова, прави јазот помеѓу овие земји и Република Македонија да се зголемува, а сето тоа го оправдува мислењето на 87% од младата популација кои сакаат да си заминат.

Уште полоши се податоците доколку се анализира периодот на владеење на СДСМ.

Имено, растот на БДП во втората половина од 2017 година, заедно со растот на БДП во 2018 година изнесува скромни 2,05% што повторно е најниско ниво во Европа. Исто така, оваа стапка на раст е далеку од стапката од 5% што Владата предводена од СДСМ предизборно ја ветуваше.

Податоците за надворешно трговската размена во јануари 2019 година, каде се регистрира пад на извозот од 2%, придружена со катастрофалната економска политика на Владата на СДСМ укажува дека 2019 година ќе биде тешка економска година за Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This