April 19, 2024, 10:50 am

Рашковски влиjaeшe вpз oбвинeти кaкo дa ce oднecyвaaт и дa ги maнипyлиpaaт oбвинитeлитe, кoja e гapaнциjaтa дeкa нeмa пoвтopнo?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драги Рашковски влијаеше врз обвинети како да се однесуваат и да ги манипулираат обвинителите, која е гаранцијата дека нема повторно?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Рашковски праќал пораки до обвинетите кога комуницираат со него да пишуваат со стручна терминологија за да не ги разберат обвинителите.

-„Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“. Ова е пораката која Драги Рашковски ја испратил до газдата на Инвока, фирма од која тој како Генерален секретар од страна на Генералниот секретаријат на владата го набавил софтверот кој сам го патентирал. После оваа порака на Драги Рашковски му е преиначен куќниот притвор во затворски. Оваа порака индицира дека Рашковски и газдата на Инвока имаат нешто да сокријат од ЈО. Која е гаранцијата дека Рашковски кој вршел влијание врз обвинети и сведоци, нема да го стори истото повторно? Како ЈО се уверило дека Рашковски нема да влијае врз постапката, сведоците, и доказите?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Рашковски е под сомнение дека извршил набавки и на неколку други софтвери каде има сомнеж за корупција.

Рашковски е фатен со рацете во медот. 4 години Рашковски и Заев прават криминал и корупција, 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е! – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This