РАШКОВСКИ И АЛАЃОЗОВСКИ НА КЛУПА: Рашковски и Алаѓозовски излегуваат од „екипа“, Десковска и Николовски ќе прават рокади

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драги Рашковски најверојатно си заминува од позицијата Генерален секретар во Владата дознава Press24 од свои извори.

Според неофицијалните информации на порталот, во рамките на најавената владина реконструкција неговото место ќе го земе актуелниот министер за земјоделство Љупчо Николовски кој својата позиција ќе ја отстапи за да може да влезе во меѓупартиските пазарења.

Слично ќе помине и Рената Десковска. Таа ќе го отстапи Министерството за образование и ќе замине во испразнетиот ресор Правда. Најверојатно ова министерство ќе оди за кадар на ДУИ.

-Речиси извесно е дека во аут ќе биде и Алаѓозовски па најверојатно и Министерството за култура заедно со образование и земјоделие ќе биде понудено на коалиционите партнери. Премиерот Заев првично најави дека реконструкцијата ќе заврши до крајот на минатиот месец, но разговорите со новите коалициони партнери се уште траат, пишува Press24.

Извесно е дека во новата влада ќе влезе ДПА и скопското крило на БЕСА кое според неофицијалните информации бара и ресорно министерство. Се уште не се знае дали таму ќе биде и крилото на Касами. Јасно е дека во новата влада нема да биде Алијансата на Села од партиите во албанскиот политички блок. Во такви услови Заев би можел да го зголеми мнозинството за 7 пратеници.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This