РАШКОВСКИ СЕ ПОЖАЛИ ОД ОДНОСОТ НА ВЛАДАТА: Државата не го видела потенцијалот на неговата сестра која морала да замине во Словенија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По шест месеци ефекивна власт, генералниот секретар на Владата излезе со остра критика за нефункционалната влада која била причината поради која неговата сестра морала да ја напушти земјата, и некаде во странство да биде препознаена нејзината научна и интелектуална вредност

 

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, вчера на својот ФБ профил објави фотографија од доделување на награда на неговата сестра за високи постигнувања во научната област.

Според Рашковски, државата немала доволно слух и капацитет да го види потенцијалот во неговата сестра, па таа морала да замине. Она што е збунувачки е фактот што тој ја критикува Владата на Заев во која што и самиот е вработен.

Рашковски не е единствениот функционер во владата на Заев кој има свои блиски во странство. Имено, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска минатата година се пожали дека нејзината сестра морала да замине во странство како вработена во ММФ, бидејќи во Македонија немало доволно услови, и тоа во состојба кога нејзината политичка партија беше дел од владата на Р.Македонија.

Од министерката се обидовме да добиеме одговор дали нејзината сестра се вратила назад во државата по доаѓањето на СДС на власт, но на контактот кој што го има нашата редакција се јави непознато лице.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This