РЕАГИРАШЕ РУСКАТА АМБАСАДА ВО ЗЕМЈАВА: Паушалните изјави на Заев се на штета на Македонија која шири русофобија за постигнување на сопствена цел!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Паушалните обвинувања на Зоран Заев за наводно „финансирање на демонстранти од руски бизнисмени“ ја згрозија Македонската јавност, која се погласно прашува за тоа кој всушност ги финансираше демонстрациите, насилствата, палењето и тепањето на полиција пред две години, и кој сеуште ја финансира владејачката партија.

На социјалните мрежи врие по изјавата на Заев за американски „Базфид“, за наводно финансирање на демонстранти од страна на „про-руски бизнисмени“, со што уште еднаш се потврдува сценариото за насилно втурнување на Македонија во НАТО, по сценариото на Црна Гора.

Имено, во Црна Гора мирните демонстрации против влезот во НАТО без референдум беа проследени со низа на обвинувања на тамошните медиуми но и меѓународната јавност за наводна руска врска. Таков пример во Македонија, Заев користи во своите тројански коњи кои со руски знамиња се појавуваат на протестите, давајќи му алиби на властодржецот за вакви изјави.

Реагираа и од руската амбасада, од каде посочуваат дека се сомневаат во намерата за градење на пријателски односи со Руската Федерација од страна на владата на Р.Македонија, но додаваат и дека ваквите изјави не одат во прилог на никого.

 Обрнавме внимание на изјавите на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, дадени на 16 јули во неговото интервју за BuzzFeed News и в коментар за македонски медиуми, со обвинувања за наводно финансирање на антивладини протести во Македонија од страна на некои «бизнисмени од Русија».

Сметаме дека ваквите паушални изјави, како и неодамнешните наводи од страна на Министерот за одбрана, Радмила Шекеринска, имаат за цел ширење на русофобијата, која што преку западните партнери на Македонија сѐ почесто се прифаќа како алатка за постигнувње сопствени внатрешни и надворешно политички цели.

Во тој контекст се доведува во прашање искреноста на заложбите на Владата на Република Македонија за градење пријателски односи со Руската Федерација.

Очекуваме дека македонската страна, во рамките на правното поле на својата држава и меѓународната практика, ќе спроведе детална и објективна истрага на наводите на кои алудираат посочените членови на Владата на Република Македонија, и ќе ѝ презентира на јавноста, како и на руската страна, реални факти, а не конструкции.

Сметаме дека се контрапродуктивни и неодговорни обидите за заплашување на граѓаните со измислена «руска закана».- стои во реакцијата на Амбасадата на Руската Федерација.

 

Претходно, Амбасадорот на САД се закани со можен конфликт во Македонија доколку земјата не стане членка на НАТО и не го промени името.

 

ЗАКАНУВАЧКИ ТОНОВИ ОД АМБАСАДАТА НА САД: Бејли смета дека ќе има конфликт во Македонија, ако земјата не го промени името и не влезе во НАТО!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This