РЕАКЦИИ НА СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ: Неизвесност до крај!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Кандидатите на владејачката СДСМ и на националистичката ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат на вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија на 5 мај, откако двајцата кандидати не успеа да соберат доволно гласови за да прогласат победа во првиот круг“, објави германската новинска агенција ДПА.

ДПА наведува дека и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова синоќа прогласија победа откако Пендаровски освои 42,70, а Силјановска Давкова 42,58 проценти од преброените 97,25 проценти од гласовите.

Блерим Река, поддржан од две партии на етничките Албанци освои 10,36 отсто од гласовите.

АФП објави дека на „првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија забележана е исклучително ниска изборна активност“, како и дека двајцата кандидати пpогласија пoбеда во првиот круг.

Агенцијата ги цитира и изјавите на Пендаровски, кој наведе дека „денеска постигнавме огромна победа“, како и на Силјановска Давкова, која посочи дека „ние ги убедивме гласачите дека без правда нема НАТО и ЕУ“.

На претседателските избори во Република Северна Македонија се осврнува и ТАНЈУГ, наведувајќи дека „кандидатот на владејачката СДСМ и на албанската ДУИ, Стево Пендаровски е во нeзначителна предност пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова“.

ТАНЈУГ ја пренесува и изјавата на Зоран Заев, кој синоќа изјави дека Пендаровски ќе победи на 5 мај.

И агенцијата БЕТА ја пренесува изјавата на Заев, кој истакна дека „според нeофицијалните резултати Пендаровски освои 4.300 гласови повеќе од Силјановска Давкова“.

ХИНА објави дека „ на претседателските избори во Македонија имаше слаб одѕив, вториот круг ќе биде неизвесен“.

Ал Џезира наведува дека на првиот круг од претседателските избори гласале 753.267 граѓани (41,78 отсто) и дека во втор круг одат Пендаровски и Силјановска Давкова.

БТА наведува дека двајцата кандидати прогласија победа во првиот круг од претседателските избори во Република Македонија.

Бугарскиот портал БГНЕС ги објави резултатите на Државната изборна комисија (ДИК), според кои, кандидатот на СДСМ, Пендаровски, и кандидатката на ВМРО- ДПМНЕ, Силјановска Давкова, ќе се натпреваруваат во вториот круг од изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This