РЕАКЦИЈА НА ЗНМ: Здружението сериозно загрижено поради нетранспарентноста на Академијата за судии и јавни обвинители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружението на новинарите на Македонија изрази сериозна загриженост што Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ нема да дозволи присуство на новинари на следната седницата на Управниот одбор, која треба да се одржи во среда кога се очекува да се избере новиот директор на Академијата.

– Одлуката на Академијата да ја исклучи јавноста од следната седница е во спротивност со членот 6 на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, кој предвидува нејзината дејност да се врши јавно, транспарентно и одговорно, истакнаа од ЗНМ.

Велат дека спречувањето на новинарите да ја следат расправата на членовите на Управниот одбор во врска со пријавените кандидати за директор на Академијата, е обид да се работи зад грбот на јавноста и фрла сенка врз процесот на изборот на новиот директор, за кој се пријавиле квалитетни кандидати.

– Ја потсетуваме Владата и судската власт во Македонија дека најавените реформи во судството се осудени на неуспех ако уште во раните фази процесот биде нетранспарентен, нагласија од ЗНМ.
Го повикаа судско-медиумскиот совет да се интересира за случајот и да побара од судските органи кои имаат делегирани членови во Управниот одбор на Академијата објаснување зошто седницата е затворена за јавноста.

– Ја повикуваме Делегацијата на Европската Унија, Мисијата на ОБСЕ и Американската амбасада во Скопје да побараат од Академијата за судии и јавни обвинители да ги почитуваат законските обврски за транспарентно работење, повикаа од Здружението.

Апелираа до министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, да го повика членот на Управниот одбор на Академијата, предложена од Министерството за правда, Љубица Караманди Попчевски, да побара расправата за изборот на новиот директор да биде отворена за јавноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This