РЕАКЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ: Одлуката на МНР е избрзана, одлуката за протерување на руски дипломат не е усогласен став!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија, како земја кандидат за членство во Европската унија, ја следи политиката на ЕУ, и нивните одлуки донесени по пат на консензус и на ниво на ЕУ.

Со оглед на тоа дека одлуките за протерување на руски дипломати не претставуваат израз на усогласени ставови на сите земји-членки на ЕУ, туку се работи за индивидуални одлуки на поедини земји-членки, Претседателот на Република Македонија смета дека одлуката на македонското МНР е избрзана.

Претседателот на Република Македонија повикува на воздржаност од избрзани чекори во надворешната политика, за да се спречи можното нанесување на штета во остварувањето на стратешките цели на Република Македонија.

Претседателот на Република Македонија, согласно позитивната законска регулатива, очекува да биде официјално информиран за посочените факти во јавноста, поврзани со овој случај.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This