РЕАКЦИЈА НА РУСКИОТ АМБАСАДОР: Невистини и шпекулации се написите дека е прекршена Виенската конвенција – благодарни сме на луѓето кои изразија поддршка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невистините и шпекулациите кои последниве два дена се шират на провладините медиуми во врска со наводно прекршување на Виенската конвенција од страна на Рускиот амбасадор во земјава Олег Шчербак, поради тоа што се обратил пред пристуните демонстранти кои маршираа низ Скопје со цел изразување на поддршка, беа оценети како шпекулации и невистини од страна на Амбасадата

 

 

„Во врска со шпекулациите проширени во некои медиуми дека митингот одржан деновиве пред Амбасадата на Русија во Скопје, како и обраќањето на Амбасадорот на Русија пред неговите учесници наводно претставува прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, известуваме дека таквите тврдења покажуваат дека нивните автори малку знаат за содржината на Виенската конвенција. Ве потсетуваме дека Амбасадата на Русија не беше ниту иницијатор, ниту организатор на овој митинг. Меѓутоа, ние сме благодарни на стотици луѓе кои се собраа пред Амбасада за да му го изразат своето сочувство и поддршка на нашиот народ по повод неговата болка поради смрта на 64 луѓе, објавија минута молк за загинатите, јасно се изразија за пријателство и соработка меѓу Македонија и Русија, против провокации во однос на нашата земја, кои им нанесуваат штета на пријателските руско-македонски односи. Земајќи го предвид, долг е на професионален дипломат па и на секој воспитан човек да се излезе кон собраните и да им се заблагодари за солидарноста и поддршката. Токму тоа и се случи, и во овој израз на почит кон граѓаните на Македонија нема никакво прекршување на одредбите на Виенската конвенција која, патем речено, обврзува „да се поттикнуваат пријателските односи меѓу државата која испраќа и државата-домаќин“.

Сѐ друго е несовесни толкувања кои треба да останат на совеста на нивните автори, заинтересирани, како што изгледа според таквите шпекулации, само за ширење на тврдењата за „руското мешање и закана“ и влошување на односите меѓу Република Македонија и Руската Федерација. За никого не е тајна кои деструктивни сили стојат зад овие пропагандистички измислици.“ – стои во соопштението на Амбасадата на Руската Федерација во Р.Македонија.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This