РЕАКЦИЈА НА РУСКОТО МНР: Осумте гласа во парламентот се обезбедени „преку уценување, заканување и подмитување опозициски пратеници“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека САД организирале „нефер гласање“ во македонскиот парламент, со кое беше одобрена промената на името на земјата

Но Русија смета дека парламентарното гласање било наместено и тврди дека осум гласа биле обезбедени „преку уценување, заканување и подмитување опозициски пратеници“.

„Тројца од нив, по чиста случајност – тој ден беа ослободени од притвор, на двајца што беа уапсени им беше ветена слобода, а на останатите во замена за ‘правилниот глас’ им беа дадени корумпирачки финансиски предлози. Парламентарците беа затворени во канцелариите, мобилните телефони им беа запленети, очигледно во духот на европската демократска практика. Вреди да се забележи дека американскиот амбасадор беше во парламентот до крајот на седницата, што не остава сомнеж во тоа кој го водел овој процес.“

„Она што се случи за нас е отворено прекршување на сите норми, и од правна и од морална гледна точка. Ваквите валкани манипулации не може да се сметаат за израз на волјата на пратениците“, се вели во денешното соопштение на руското министерство и се додава дека „решението на спорот меѓу Атина и Скопје треба да биде на законски основи, со широка поддршка од народот, а не да внесува раздор во општеството“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This