РЕАКЦИЈА ОД ВМРО-ДПМНЕ: Предавството кое го направија ќе им стои и тежи цел живот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По директна наредба на Зоран Заев, а во координација на голем број провладини медиуми се извртува вчерашното интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за Фактор магазин. Се вади половина реченица без да се каже што било прашањето, кој е контекстот како и без да се пренесе целосно одговорот. Тоа е позната методата која се вика спин! – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Денес на тој спин СДСМ прави прес конференција како продолжение на голем број нарачани медиумски „анализи”.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека подобар договор беше можен да не го потпишеа уценетите Заев и Димитров најлошиот возможен договор!

Подобар договор се уште е можен доколку Заев утре ја запре процедурата во Собрание и даде оставка. Нова Влада на ВМРО ДПМНЕ посветено и чесно може да направи подобар договор. Но доколку тоа Заев не го направи одговорноста е кај него и Димитров за овој договор и истата ќе ја носат со себе целиот живот.

Ниту една пропаганда, ниту еден спин, нема да им помогне да го избришат предавството.

Овој спин е свесно направен со цел да се сокрие содржината на уставните амандмани која денес се објави, а со која за жал целосно се обесчестува Македонија. Ние пред референдумот баравме да се објави содржината. Сега гледаме зашто Заев и Димитров не ја објавија.

Предавството кое го направија ќе им стои и тежи цел живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This