РЕАКЦИЈА ОД МВР: Соработуваме со сите полициски синдикати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи соработува со сите синдикати и постојано работи на подобрување на условите за работа на полициските службеници, реагираат од министерството на денешната прес конференција на Независниот синдикат на полицијата, кои бараат да бидат вклучени во социјалниот ијалог и да не се фаворизира синдикатот во рамките на ССМ.

Раководство на МВР e отворено за соработка со синдикатите, без оглед на репрезентативноста, и тоа се гледа не само по бројните средби туку и со преземените активности. Секој реален предлог кој доаѓа од синдикалните организации за подобрување на условите за работа на полициските службеници го прифаќаме и реализираме, велат од МВР.

Според министерството, во периодот од јуни 2017 година до сега постојано се работи на подобрување на условите за работа на полициските службеници, нешто што не е правено цела деценија, па полициските службеници беа доведени во ситуација да работат во субстандардни услови и без потребната опрема и униформи.

Јавноста во изминатиот период беше сведок на реновирањето на десетина полициски станици и други објекти, како и набавка на униформи и друга опрема за да се овозможат подобри услови за работа на полициските службеници. Минатата недела нови униформи доби Единицата за специјални задачи, а деновиве се дистрибуираат униформите и за други полициски службеници. Покрај тоа, од 1 декември оваа година ќе бидат зголемени и платите на полициските службеници. Потенцираме дека и натаму интензивно ќе вложуваме во подобрувањето на условите за работа на полициските службеници, затоа што на тој начин ќе ги подобриме и резултатите во работата, од што бенефит ќе имаат граѓаните на Република Македонија, велат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This