РЕАКЦИЈА ОД МНР ЗА ПЛОЧАТА НА КАЈМАКЧАЛАН: Плочата е незаконски поставена, и треба да се обесхрабрат оние кои ја поставиле!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите на Министерството за надворешни работи плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена и очекуваме од нашите пријатели од Република Бугарија да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување спомен обележја, се вели во реакцијата на МНР.

popovski_MKD

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Чествувањето на жртви од воените конфликти во нашиот регион е дел од културата на помирување и пред се претставува хуман гест. Според информациите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена. Очекуваме од нашите пријатели од Република Бугарија да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување спомен обележја. Воедно, очекуваме институциите да ги обесхрабрат сите актери кои нелегално поставуваат обележја на територија на друга држава, а кои потоа можат да бидат цел на акти на насилство или да предизвикаат негативни чувства кај граѓаните. Република Бугарија е наш сосед и пријателска држава со која имаме суштинска соработка во многу области и ќе продолжиме да работиме во насока на изнаоѓање на модалитети за поголема соработка и надминување на разликите преку стандардизиран и реципрочен пристап во одбележувањето на настани и личности. Ова е и многу поважно во услови кога истите може различно да бидат интерпретирани во различни земји од регионот. Во нашиот пристап треба да ги промовираме успешните модели на помирување и чествување кои постојат во Европа, наспроти еднострани поставувања на одбележја или чествувања во соседна земја“, се вели во реакцијата на МНР.

 

[/kopa_block_quote]

tatari_kajmakcalan-1

Овој незаконски, илегален и според некои терористички чин кој го извршија бугарските војници кои од грчка страна се искачиле на врвот Кајмакчалан и ја поставиле плочата, беше радосно соопштен од страна на Бугарската влада со ветување дека бугарските илегалци ќе бидат наградени од Министерството за одбрана на Бугарија.

Истиот, во патриотски акт беше отстранет од страна на новинарот Миленко Неделковски, чин кој беше широко прифатен од Македонската јавност, а беше повод Бугарските власти да започнат со нивната долгогодишна кампања против Македонија.milenko_kajmakcalan

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This