РЕАКЦИЈА ОД НАВИВАЧКАТА ГРУПА „ВОЈВОДИ“: Од се што е Македонско се одродивте – давате пари на луѓе кои величат тepopизaм и нaпaѓaaт жени и деца!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Понижувањето на македонскиот народ во секој поглед не прекинува, реагираат од навивачката група Војводи од Тетово, по вчера обелоденетиот скандал дека Владата финансиски ќе ги поддржува навивачите од навивачката група „Балисти“

Нивната реакција ја пренесуваме во целост:

„Оние кои скандираа име на терористичка организација, ги скандираа местата на кои беа масакрирани нашите бранители во 2001 година, го омаловажуваат македонскиот народ, не ја признаваат нашата држава, го омаловажуваат македонското девојче, напаѓаат невини жени и деца и шират идеологија за создавање на “Голема Албанија” како заслуга на сето ова добиваат финансиска помош од државата односно од министерството за култура. КОЕ ДНО!

Од се што е македонско се одродивте, секој кој ја сака Македонија го казнивте и затворивте, а секој оној кој што е против нашиот народ и држава го ослободивте и го наградивте.
Па затоа и некогаш ни доаѓа и да се запрашаме каде ли ние општо живееме. Дали живееме во своја држава која се вика Македонија и се залага за заштита на своите национални интереси или пак живееме во некоја си туѓа држава каде што се промовираа туѓи култури, се финансираа туѓи песни, манифестации и организации кои се против Македонија и македонскиот народ.

За некого кривични пријави за прослава и за никакво сторено кривично дело, а за некои финансиска помош од државата која ја мразат, никогаш не ја осеќаат како своја и не ја признаваат.
Македонија за некого стана мајка, а за некого маќеа“-порачуваат навивачите.

Понижувањето на македонскиот народ во секој поглед не прекинува.Оние кои скандираа име на терористичка организација, ги…

Posted by Војводи Тетово on Wednesday, December 26, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This