РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ КATACTРОФАЛНА: Заев најавува, Тевдовски тактизира – ќе има ли ребаланс во јуни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот финансиер Драган Тевдовски се уште анализира дали летово ќе се прекрои буџетот како што неодамна најави премиерот Зоран Заев. Тој вели дека државната каса задоволително се полнела од даноци и придонеси и оти одлуката за ребаланс ќе ја донесат во договор со Владата. И лани Тевдовски тактизираше до последен момент и покрај тоа што премиерот изрично најавуваше ребаланс на буџетот.

Тевдовски очекува дополнителен раст на економијата и покрај катастрофалната реализација на капиталните инвестиции од едвај 6 отсто во првиот три месеци од годинава. Според него, капиталните проекти се одвивале со предвидената динамика и покрај тоа што забрзување во реализацијата има главно кај јавните претпријатија, а не кај централната власт.

По неколку одложувања, сега власта тврди и дека долгоочекуваното пуштање во употреба на автопатот Миладиновци – Штип ќе се случи за 10-тина дена. Додека опозицијата обвинува дека Владата намерно не го пушта патот бидејќи беше започнат од претходната власт, директорот на Државни патишта уверува дека затекнал бројни недocтатоци што требало да се решат.

Инаку, во првите три месеци од годинава, Владата инвестирала едвај 26 милиони евра од предвидените 422 милиони за изградба на патишта, гасоводи, железници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This