Реал и Ливерпул во битка за фудбалскиот трон на Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во 20:45 часот тимовите на Реал Мадрид и Ливерпул излегуваат едни против други во Киев во нивниот најважен натпревар за годината – финалето на Лигата на шампионите.

„Белите“ од Мадрид ќе го бранат трофејот освоен во последните две сезони и ќе се обидат да го освојат најпрестижниот клубски турнир по трет последователен и 13-ти пат во својата историја. Тимот од Мерсисајд излегува за својата шеста титула на овој турнир, а тие не играле финале од 2007 година, кога загубија со 1:2 од Милан.

Двата тима претрпеа неуспех во своите првенства. Реал беше само трети во Примера, на 17 поени зад Барселона. Ливерпул заврши на четвртото место во завршницата на Премиер Лигата со 25 поени зад Манчестер Сити. Во еден момент, двата клуба сметаа дека е подобро да се фокусираат на нивните напори во Лигата на шампионите и ова даде посакуван резултат при обидот да си го остварат сонот. Но, денес, само еден од нив ќе се радува.

Историски гледано, овие ривали играа точно 5 натпревари едни против други. Во моментов, предноста на Ливерпул е 3 победи и 2 порази и 6:4 гол разлика во нивна полза. Уште поважно за Англичаните е тоа што тие победија во финалето против „кралскиот клуб“ во 1981 со 1:0 во КЕШ.

Денешниот финален натпревар ќе биде судир меѓу двајца од најдобрите таленти во европскиот фудбал – Кристијано Роналдо и Мохамед Салах. Според многу специјалисти, овој натпревар ќе го одреди победникот на „Златната топка“ оваа година. Португалецот одигра уште една одлична сезона во Лигата на шампионите со 15 гола на неговата сметка. Ако вечерва се запише во листата на стрелците, тој има шанса да стане првиот играч кој постигнал гол во 4 финалиња. Во исто време, Салах има 10 голови на негова сметка во ЛШ и вкупно 44 за сезоната.

Ливерпул е тимот со најдобар напад во Лигата на шампионите оваа сезона. „Црвените“ досега забележаа рекордни 46 гола, откако започнаа со учество од првичните рунди. Во исто време, Реал покажува многу несигурност во одбраната. „Кралевите“ успеаја да ја сочуваат својата мрежа „сува“ во само 1 од последните 11 натпревари во сите натпреварувања, што не е добра најава. Друг интересен факт е дека еден од двата порази на Реал оваа сезона во Лигата на Шампионите дојде од англиски тим. „Белиот балет“ изгуби 1:3 од Тотенхем на „Вембли“.

Натпреварот исто така ќе понуди интересен судир и на двата тренери. Зинедин Зидан никогаш не отпаднал во елиминациски натпревар на чело на Реал Мадрид. Тој веќе освои две титули на турнирот со „кралскиот“ клуб и се надева дека ќе ја го крене третиот трофеј. Јирген Клоп не може да се пофали со такви успеси, но пак Германецот докажа дека е еден од најдобрите тренери во моментов и располага со широк тактички арсенал со кој може да се спротивстави на секој ривал.

Реал нема посебни проблеми со составот пред натпреварот. Повредениот Дани Карвахал, кој веројатно ќе започне на десен бек, беше вратен во тимот.

Во Ливерпул, ситуацијата е многу понепријатна. Алекс Окслеид-Чембрлен, Жоел Матип и Џо Гомез се трајно повредени и воопшто не влегуваат во сметките. Адам Лалана, Емре Чан и Џејмс Милнер пак има шанса и да играат, иако и тие лекуваа повреди до неодамна. Тие веќе продолжија со тренинзите, но недостатокот на пракса на теренот е проблем.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This