March 29, 2024, 12:38 am

РЕАЛ ПРЕСЕЧЕ: Од вечерва Зидан е старо-нов тренер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанските медиуми објавија како да е официјално – Зинедин Зидан се враќа во Реал Мадрид и вечерва ќе биде потврдена смената на Солари и враќањето на францускиот стручњак. Веста која минатата недела ја најави емисијата „Jugones“ доби потврда.

Од 18:00 часот бордот на директори ќе го одржи официјалниот вонреден состанок на кој ќе биде разрешен Сантијаго Солари, четири месеци од неговото назначување. Потоа Зидан ќе биде промовиран во решение до крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката. Детали не се познати, но во Мадрид враќањето на Зидан е веќе готова работа. Аргентинецот заминува со еден освоен трофеј – Светското клупско првенство во Абуи Дабу во декември минатата година.

Со легендарниот Зизу, „кралевите“ освоија три титули во Лигата на шампионите, два Мундијали за клубови и една Примера. Зидан тренерската кариера ја започна во 2014 година, како тренер на Реал Мадрид Кастиља. По слабите резултати на Бенитез, тој беше отпуштен на 4 јануари 2016 година, и клубот објави дека довербата му ја дава на Зинадин Зидан, со кого потпиша четиригодишен договор.

Во финалето на Лигата на шампионите на 28 мај, Реал Мадрид го порази Атлетико Мадрид на пенали. Со овој трофеј Зидан стана седми човек кој ја освоил Лигата на Шампионите и како играч и како менаџер и прв француски менаџер кој го освоил трофејот. Подоцна успехот го потврди уште двапати со победите во финалните натпревари во Кардиф и Киев против Јувентусодносно Ливерпул. „Кралскиот“ клуб го напушти ова лето по спогодбен раскин со претседателот Флорентино Перез.

Реал Мадрид нема да освои трофеј сезонава и единствена цел во следните месеци е обединување на соблекувалната и потврда на место во Лигата на шампионите следната сезона.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This