РЕБЕКА ЗА ОЛИВЕР ДРАГОЕВИЌ: БЕШЕ ОДМЕРЕН ГОСПОДИН И МИ ПОДАРИ БУКЕТ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поп-пејачката Ребека со емотивен статус на својот фејсбук профил, се прости од својот драг пејач и соработник, Оливер Драгојевиќ. Ребека сподели спомен од детсвото, кога за прв пат го слушнала во живо.

„ Оливер испеа многу убави песни. Прв пат го слушав кога имав само 5 години на Брач во Хрватска во еден ресторан, на терасата. По 25 години од тогаш, не се сеќавам дали беше 2001 или 2002 година, му бев специјален гостин на два концерти во Универзална Сала. Ја одбрав „Вјеруј у љубав“, иако беше многу тешко да се одбере која песна да се отпее со Оливер. Тој беше одмерен господин и не многу зборлест кој на крајот ми подари еден букет. Неговиот израз во полн сјај беше музика и поезија. Ја побарав снимката од тие концерти и за жал до ден денес ја немам, а би сакала. Почивај во мир легендо! Вечна ти слава!“, напиша Ребека.

Колегите и соработниците на легендарниот Оливер Драгојевиќ, од целиот Балкан, денес се простуваат со него и споделуваат сеќавања за неговиот лик и дело.

Еден од многубројните пријатели на Драгојевиќ, музичарот Златан Стипшиќ – Џибони, раскажува за неговиот талент, но и за големата човечност и приземност, и покрај огромната слава.

-Песните „Потсети ме што беше тоа љубов“, „Магдалена“, „Галеб“ и многу други немаат рефрен, во ниту еден миг ништо не се повторува. Значи, го нема тој рефрен за кој можеш да се фатиш, приказната оди од „А“ до „Б“ и ако не си ја ислушал целата, не знаеш за што станува збор. Тој сигурно има над 40 фантастични песни, и можеше да направи два концерти еден по друг, без да повтори некоја песна, и сето тоа да биде сензационално – раскажува музичарот.

Тој додава дека Оливер бил многу едноставен човек, никогаш не ги комплицирал нештата.

-Имаше една карактеристика која никогаш не сум ја сретнал, а тоа е дека ниту една реченица не му започнуваше со „Јас“. Никогаш не рече дека имал супер концерт, туку дека сме имале супер концерт. Ќе спомнеше и кој бил гостин, но никогаш не се стави себеси во прв план. Како да не сме дошле за него, а всушност сите доаѓавме поради него. Немаше тој его и суета, тоа кај него живее на друга адреса. Неговиот опус е многу позначаен, отколку што му дадовме на знаење – вели Џибони за хрватскиот портал 24сата.хр.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This