April 24, 2024, 10:16 am

Регистрирани 344 нови случаи, починaле 9 лица, пријавени уште 9 досега неeвидентирани починати од минатата недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните 24 часа направени се 4.926 тестирања, а регистрирани се 344 нови случаи на ковид-19: Скопје – 143, Велес – 33, Куманово – 27, Штип – 19, Струмица – 15, Битола – 13, Прилеп и Кочани – по 12, Охрид – 9, Кавадарци – 7, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 6, Македонска Каменица – 5, Радовиш, Виница и Крушево – по 4, Гостивар, Струга и Гевгелија – по 3, Кичево, Пробиштип и Богданци – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 6 починати лица од Скопје (41г, 57г, 68г, 79г, 80г и 85г), по едно починато лице од Кавадарци(87г), Охрид (80г) и Прилеп (86г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Куманово, Тетово, Охрид и Штип на возраст од 40 до 94 години.

Од пријавените лица, 6 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови.

Дополнително, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3.645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати (од месец август, случаи кои биле хоспитализирани и испишани без да не информираат болниците, странци и лица без матични лекари). Скопје – 1.583, Тетово – 652, Гостивар – 348, Куманово – 304, Кичево – 214, Прилеп – 84, Охрид – 76, Велес – 61, Битола – 48, Струга – 41, Дебар – 39, Струмица – 31, Ресен – 20, Македонски Брод, Делчево и Гевгелија – по 16, Штип – 13, Крушево и Радовиш – по 12, Кочани – 11, Кавадарци – 10, Неготино – 7, Македонска Каменица и Богданци – по 6, Свети Николе – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Пробиштип – 3, Берово – 2, Крива Паланка – 1.

Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од:
Скопје – 168
Куманово – 28
Велес – 19
Кавадарци – 18
Кочани – 15
Кичево – 14
Штип и Прилеп – по 13
Струмица – 11
Битола – 6
Охрид и Гевгелија – по 5
Берово и Неготино – по 3
Пехчево, Делчево, Гостивар и Струга – по 2
Радовиш, Виница, Ресен, Кратово, Свети Николе, Македонска Каменица,Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар и Тетово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.319.879 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.575 бројката на оздравени пациенти е 180.791, на починати е 6.817, а бројот на активни случаи изнесува 6.967

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This