April 19, 2024, 12:25 am

РЕДАКЦИСКИ КОМЕНТАР ПО ПОВОД АПСЕЊЕТО НА РЕПОРТЕР НА ИНФОМАКС: Срамота!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Борбата која наводно ја водеше СДСМ и т.н. „шарена револуција“ за слобода во медиумите и слободата на говор, вечерва се докажа дека не е ништо повеќе од фарса, празни зборови и демагогија која „големите од надвор“ сакаа да ја слушнат

 

Вечерва на дело се покажа целата бруталност на инсталираната власт, која својот народ не го чувствува за свој, ниту се грижи за неговата безбедност, бидејќи власт од народот нема добиено. Напротив, оваа гарнитура доби власт за да оди наспроти својот народ. Наспроти името, идетитетот, достоинството, слободата на мислата и говорот.

Вечерва, на протестите организирани од „Комитите“, поточно по завршувањето беше уапсен репротерот на „Инфомакс“ Борислав Стоилковиќ. Без никаков повод и причина. Беше брутално уапсен, натепан и спроведен пред очите на поголема група новинари кои заедно со Стоилковиќ во моментите пред аспењето заедно настрана од збиднувањата ја коментираа ситуацијата.

Реакција од ЗНМ нема. Насер Селмани има полна уста, но не со зборови, најчесто со нешто друго.

Редакцијата на Инфомакс.мк, бара итно и неодложно да биде ослободен репортерот Борислав Стоилковиќ, од Министерството за внатрешни работи бараме јавно да се извини, а министерот Оливер Спасовски под итно да спроведе внатрешна истрага,а  оние кои брутално го тепаа и апсеа нашиот репортер да бидат најстрого санкционирани.

Срамота.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This