РЕДОК ГАЗДА НА БАЛКАНОТ: Нов автомобил за секој лојален работник!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватска компанија ги награди своите најлојални работници со smart автомобили

Сопствениците на хрватската компанија „Гигант“ која се занимава со ПВЦ столарија, им доделија автомобили smart на најлојалните работници кои работат за претпријатието од нејзиното основање пред 20 години.

Нашата цел е да им помогнеме на нашите вработени да остварат добри деловни резултати и позиционирање на пазарот. Некои од нив се со нас веќе 20 години, кога почнавме со производство на ПВЦ столарија – објасни сопственикот Владимир Ќурковиќ (50), а истото го потврди и неговата пет гопдини помлада сопруга Ксенија.

Двојката како клуч за успех и развојот на претпријатието гледаат во своите работници кои од нив ги примаат своите месечни плати.

Ова е на некој начин награда за лојалноста и довербата што ја покажуваме меѓусебно. Без меѓусебно почитување, не би стигнале до каде сме денес – вели сопругата Ќуриќ.

Според неа, целта е сите да го почувствуваат напредокот.

Тешко е да се најде добар работодавач, а тешко е да се најде и добар работник. Нашата компанија вработува 17 лица и ние сме како големо семејство. Често се среќаваме, славиме родендени, годишнини, но тука сме и кога некој ќе доживее несреќа. Поголемиот дел од денот го поминуваме заедно, и кога некој ќе влезе во компанијата, тој не излегува до пензија – објаснува Владимир.

Тој тврди дека работниците не се должни да останат кај него и не се обврзани со автомобилите, бидејќи секој има право на избор

ДИРЕКТОР ЗА ПОЧИТ: Во неговата фирма секој работник работи 1 час помалку за да има време за семејството.

Компанијата CPU Infotech од градот Цазин во Босна и Херцеговина која се бави со продажба на компјутерска опрема одлучи да го скрати работното време за еден час за да можат вработените да поминуваат повеќе време со своето семејство.

Дикреторот на компанијата, Џенан Капиќ вели дека примањата за шесте вработени остануваат исти, а придобивки од оваа одлука имаат сите.

“Ништо нема да се изгуби за тој еден час, работата ќе се заврши, а работниците ќе бидат повеќе мотивирани, бидејќи ќе имаат повеќе време за своето семејство. Мислам дека ова е добар потег што позитивно ќе се одрази на нашата работа, а се надевам дека и другите работодавачи ќе го следат овој пример”, – вели Капиќ.

“Ова мене како жена и мајка многу ми значи. Имам дете од две години и сега ќе можам да поминам повеќе време со семејството“, вели Хана Первиз, вработена во CPU Infotech.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This