Редок Супермен стрип од 1938 г. продаден за неверојатни 3,25 милиони долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ретко издание за стрип, во кое Супемен првпат се појави, се продаде за рекордни 3,25 милиони долари. Изданието на првата серија на магазинот Action Comics, со цена од 10 центи кога се појави во 1938 година, стана највредниот стрип во историјата.

Се верува дека има само околу 100 копии од вакви стрипови во светот.

Стрипот ја следи приказната за потеклото на Супермен и се смета за почеток на суперхерој жанрот.

Оваа копија била скриена во колекцијата филмски списанија од 30-тите години на минатиот век.

Продавачот, кој го поседуваше стрипот само три години, заработи милион долари на него, а анонимниот купувач е „релативно нов во истражувањето на стрипот“, се вели во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This