Владејачката СДСМ во паника и страв од големиот интерес за Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која вечерва ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на најниски можни начини се обидува да ги спречи огромниот број заинтересирани граѓани вечерва да допатуваат во Скопје.
„Во 20 часот во спортскиот центар Борис Трајковски, ќе ја презентираме нашата визија, новата ера за Македонија! Почнува ново утро, доаѓаат нови победи! Подобри денови за граѓаните. Имаме одлични програми, читајте ги внимателно и направете ја разликата!“, напиша Груевски.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека собирот ќе биде еден вид интерна конвенција на која на членството ќе му бидат претставени кандидатите за градоналници, но не е предвидено нивно обраќање.
Информациите велат дека заинтересираноста на членовите и симпатизерите да се присуства на Конвенцијата е огромно, па токму поради тоа СДСМ се служи со вакви ниски обиди да спречи што е можно повеќе лица да допатуваат на истата.