РЕЖИСЕРКАТА ЗОЈА БУЗАЛКОВСКА: Не делумна, потребна е целосна ревизија зошто одлуките се носеле во кабинетот на министерот во последен момент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашниот централен дневник на 1ТВ гостуваше режисерката Зоја Бузалковска, која говореше за неправилноста за финансирање на културните институции.

Имаме многу јасни индикации дека некои одлуки се донесени во последен момент. Односно дека се донесени во кабинетот на министерот, по одлуките на самите комисии. Вие видовте дека во театарската дејност еден од членовите на Комисијата јасно и гласно кажа дека Комисијата е советодавно тело на министерот. Но дека последните одлуки ги повлекува самиот министер. Дали е тоа така или не е така ние можеме само да шпекулираме, нагласи Бузалковска.

Бузалковска дури рече дека не и се допаѓа ниту изјавата на премиерот, ниту изјавата на министерот за култура за она како ќе се постапи понатаму.

Не е добро што премиерот зборува за делумна ревизија, бидејќи е потребна комплетна ревизија на сите апликанти. И тоа што тој вели дека нема потреба да се прави ревизија за националните установи, затоа што вие видовте дека има огромни реакции токму за националните установи, рече таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This